Нема да им дозволиме и на оние качени на тиранската платформа, да бараат од нас да ја виткаме кичмата, ние кичмата не ја виткаме, прифатете го тоа, порача Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред десетиците илјади граѓани собрани пред Собранието.
-Нема друга опција со вас сите тука, освен победа. Вечерва, на половина кажан збор да бидеме малку повеќе, видете колку сме. Замислете колку ќе бидеме ако цела Македонија дојде во Скопје, три пати ќе го обиколиме Собранието, затоа сите 120 пратеници, треба многу да внимаваат на својата улога во овие историски моменти. Освен тие 120, ние десетици илјади на улиците, секој ден мора многу да внимаваме на секакви провокации, уфрлени провокатори да го сквернават духот меѓу народот, духот на Македонците, нема да им го дозволиме тоа, нема да им помине. Нема да им дозволиме и на оние качени на тиранската платформа, да бараат од нас да ја виткаме кичмата, ние кичмата не ја виткаме, прифатете го тоа – изјави Илиевски.
Тој порача дека граѓаните само заедно на улиците може да ја зачуваат оваа држава.
-Ние продолжуваме, продолжуваме дури, ќе продолжиме како што треба, како што ќе процениме дека е најдобро за сите и за заедничка Македонија. До тогаш апелираме до сите вас продолжете да излегувате и да бидете преубави и прегорди Македонци, како што сте сега, само заедно ќе имаме успех, само заедно ќе ја зачуваме оваа држава, порача Илиевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски:Ако замолчиме, ако замижиме сега, ние ќе сме генерацијата која допринела за укинување на македонската држава!
-
Протестите продолжуваат в понеделник, денеска панел-дискусија
-
Илиевски: До победата мора да се бориме!
-
Илиевски: Во Собранието се обидуваат да ја изиграат демократијата, да го скршат Деловникот и Уставот