Во врска со барањата на албанските партии Џевад Адеми од ДУИ истакна дека во СДСМ можеби не се најсреќни со ставовите на ДУИ и Алијанса за Албанците, но кога немаш мнозинство, како што рече, мора да бараш компромиси и има цена која треба да се плати.
На ова преку процедурална забелешка реплицираше Антонио Милошоски, кој истакна дека ДУИ биле тие кои барале по секоја цена да бидат дел од власта по победата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година. Затоа, рече, во 2008 имаше предвремени избори со почитување на барањето на ДУИ за коалиција со победникот во албанскиот блок.
– Само едно прашање тогаш ве прашавме, дали сте должни на СДСМ и Бранко Црвенковски, а вие рековте, оти не му должите ништо и оти за поддршката на претседателските избори да стане претседател на РМ сте му ги побарале и добиле Струга, Кичево и Скопје. Затоа, ако за Црвенковски тоа била цената Струга, Кичево и Скопје да бидат продадени, да се каже која е цената што СДСМ сега треба да ја плати за да коалицира со ДУИ, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација