| четврток, 6 декември 2018 |

Стевананџија до Богоев: Мислиш ли на студентите кога одиш на скапи ручеци со Боки 13?

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ го потсети пратеникот Стефан Богоев од СДСМ друг пат пред да реши да зборува во име на студентите и нивните оброци да се потсети на скапите ручеци со Боки 13, со коишто се фали по социјалните мрежи.

Стевананџија, исто така, му предложи на Богоев да прошета низ студентските домови и да види какви се условите на студентите.

Со една од своите 5 коли прошетај низ студентските домови, види какви се условите во студентските домови низ Република Македонија, во блоковите 1 и 2 ако воопшто знаеш што е тоа и ако некогаш воопшто си бил во студентски дом. Вистината, колега Стефан, не се гледа од кафeани – рече Стевананџија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top