Пред два дена, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја одреди казната за најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси, која е една од најстрогите од тој карактер.
Капитенот на „гаучосите“ нема да може да му помогне на тимот четири натпревари, заради неговите навреди и пцовки кон помошниот судија на мечот помеѓу Аргентина и Чиле. За оваа ситуација синоќа се огласи асот на Барселона, признавајќи дека употребувал вулгарни зборови, но истите не биле наменети кон судијата.
– Моите вулгарни зборови не беа наменети за помошникот, не го навредив него, го кажував тоа на празно, на воздух – накратко изјави Меси.
Меси веќе одлежа еден меч од казната, оној против Боливија, каде Аргентина загуби со 2-0, а Арентинската федерација и официјално испрати жалба до ФИФА за оваа жестоката казна, надевјаќи се дека истата ќе биде намалена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.