На конгресот на Европската народна партија во Малта на кој се дискутираше за предизвиците на Балканот и за негова брза интеграција во Европската унија е изразена поддршка од сестринските партии за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ, која ја претставува делегација предводeна од претседателот на партијата Никола Груевски.
Во име на Европската народна партија се обрати и словенечкиот политички лидер Јанез Јанша, кој им даде поддршка на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Јанша изјави дека Европската народна партија секогаш ќе продолжи со поддршка на сестринските партии и дека е недозволиво примена на селективна правда и финансирање нестабилност со Соросови пари како што е случајот во Македонија.
-Како семејство на европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите сестрински партии во Европа и не помагајќи им на левичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на Сорос ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што се случува сега во Македонија – рекол Јанша пред европските лидери и раководството на Европската народна партија.
Меѓу усвоените резолуции на когресот во Малта е и „Европа ја обезбедува иднината“ во која е вклучен и Западен Балкан. Во таа резулуција, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, конкретно стои дека државите од Западен Балкан, во кој спаѓа и Македонија, мора да бидат интегрирани во Европската унија.
– Скорашната историја ни дава посебна одговорност за Западен Балкан. Само интеграција во ЕУ може да обезбеди сигурност од конфликтност и дезинтеграција, стои во резолуцијата и се додава дека целосно членство во Европската унија не значи само партнерство туку и градење други форми на соработка од сестран карактер со кои ќе се зацврсти и самата Унија.
Исто така, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се донесува и резолуција во која се критикува и осудува руското мешање во европските држави преку пропаганда, дезинформирање, вклучувајќи медиуми, дипломатија, бизнис-секторот. Во резолуцијата се вели дека Европската народна партија е за добрососедска политика, вклучително и Русија, но нема да се дозволи руско мешање во политиката на Европската унија.
Присуството на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот, според Груевски, е важно за лобирање за стратегиските интереси на Македонија и за актуелната политичка ситуација. Во Матла, Груевски се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, Јанез Јанша од Словенија, домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта, претседателот на Националната партија на Малта, Симон Бустил, федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП, Кристијан Шмид, Елмар Брок од Германија и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.
-Се обидуваме секаде каде што можеме да лобираме за Република Македонија и за државните и за националните интересеи. Многу е значајно кога ќе им се каже од прва рака на присутните тоа што е важно за Република Македонија и за нејзината иднина, напредок, евроатланските интеграции и интереси. Истовремено информираме и за сето тоа што се случи во Република Македонија на политички план и сето тоа што народот, граѓаните на Република Македонија се соочуваат во овој период. Има луѓе што не се запознаени со случувањата и потребно е некој да ги информира и да им објасни – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денес се слави Денот на македонската револуционерна борба
-
ЕПП ја критикува власта на СДСМ: Да прекине затворањето и притворите за пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договореното не е во сообразност со интересите на македонскиот народ
-
Јаковлевски до „реформаторите“: Деца не се резилете, алчноста и борбата за пари ве водат, а не љубовта кон партијата