По објавата на декларацијата за демократизација на партијата од страната т.н. „реформатори“, реагираше Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој на својот Фејсбук профил напиша: Деца не се резилете. Ова што го правите е само нарачка која некој ви ја дал, а вие беспоговорно му ја извршувате. Крајната цел е јасна да се дестабилизира ВМРО-ДПМНЕ, да се создаде раздор и да се олесни разнебитувањето на Македонија.
Членството тоа го препознава и нема да ви дозволи да ви помине.
Малку е дегутатно да го плукате статутот на партијата, а вие согалсно тој статут сте биле именувани и поставувани на позиции во минатото.Впрочем вие сте биле дел од органите на партијата, сте биле дел од позиции во партијата од кои политичка сте делувале. Всушност согласно истиот статут вие сте имале можност да работите во партијата и ниту еднаш не излеговте изминатите години во 2006, 2008, 2011 и 2014 година кога ВМРО-ДПМНЕ бележеше изборни победи. Тоа говори за какво лицемерие станува збор. Јавноста, а особено членовите на ВМРО знаат дека сега кога дојде до промена на власта поради лични интереси, одредени позиции, или бизниси излегувате со барање за менување на статутот. Алчноста, а не љубовта кон партијата ве водат. Тоа членството на ВМРО јасно го гледа.
Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е демократски и остава доволно простор за делување на било кој што се пронаоѓа во идеологијата на партијата. Вие тоа добро го знаете бидејќи сте биле дел од партијата и истото сте го користеле како право и како обврска. Статутот на партијата е статут кој приличи на една демократска, модерна и отворена партија како што е ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена партија за секој кој ги дели принципите и вредностите на кои таа се темели. Но истовремено ВМРО-ДПМНЕ не може со сила да ги задржи тие кои што одлучиле да слугуваат на нечии туѓи интереси, спротивни на оние што се државни и национални.
Резилот кој сега го јадете не е првпат да го гледаме во историјата на ВМРО. Тоа го правеле и други, но никогаш не успеале да го нарушат единството, честа и угледот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.