| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе со национален тим ќе настапи во новиот ЕТЦЦ шампионат

igor stefanovski idze

Двојниот европски првак на ридски патеки, македонскиот возач Игор Стефановски Иџе вечерва го промовираше својот македонски тим, со кој ќе атакува на највисок пласман во новата сезона на Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ). Со својот тим „Стефановски“, нашиот возач верува дека ќе бележи многу успеси и во новата сезона, како што и ја заврши минатата, со триумф и интонирање на македонската химна на Имола.

– Го претставуваме новиот македонски тим „Стефановски“ со кој верувам дека во новата сезона ќе атакувам на уште подобар пласман. Ќе биде тешко, но од друга страна и многу полесно за мене, затоа што зад мене ќе стои цел тим. Се надевам дека и овојпат нема да ги разочарам моите фанови и дека ќе бележиме резултати за почит – изјави Игор Стефановски Иџе, откривајќи го и автомобилот со кој ќе настапува во новата сезона.

igor stefanovski idze

Сезоната во ЕТЦЦ почнува на 28.април во Монца, Италија, а потоа ќе има уште пет трки: Хунгароринг, Унгарија (12-14 мај), Нирбургринг, Германија (25-27 мај), Вила Реал, Португалија (23-25 јуни), Золдер, Белгија (15-17 септември), Мост, Чешка (6-8 октомври).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top