| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо молитва, од џамијата се слушале звуци од порнофилм

Градоначалникот на турскиот град Кастамону, Тахсин Бабаш вети дека ќе го истражи скандалот кој што стана топ тема меѓу локалното население овие денови.

На „јутјуб“ деновиве се појави видео снимка на која што можат да се слушнат звуци од порнофилм од минаре на џамија во турскиот град Кастамону.

– Кој упаднал во системот на нашата општина? Потребно е што поскоро да се пронајдат виновниците за оваа неодговорна постапка. Им се извинуваме на нашите драги жители за оваа ситуација – изјавил посрамотениот градоначалник на Касамону, град сместен на северот на Турција.

Полицијата моментално е во потрага по лицата кои што го подметнале скандалозниот аудио запис во џамијата, а како што пренесуваат турските медиуми, инцидентот се случил длабоко во ноќта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top