| четврток, 6 декември 2018 |

На Конгресот во Малта: Груевски се сретна со повеќе политичари од ЕПП и ЕУ

Присуството на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го искористи за остварување билатерални средби и разговори со повеќе политичари кои се дел од семејството на Европската народна партија која е највлијателна сила во Европската Унија.

Меѓудругото, Груевски остварил средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта,  претседателот на Националната партија на Малта Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Смид и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top