| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со домаќинот на ЕПП и Претседател на Националната партија на Малта (фото)

На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија

Предводникот на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со премиерот Емил Димитриев учествуваат на Конгресот на Европската народна партија и на Самитот на европските десничарски партии,  што се одржува во Малта.

Груевски денеска оствари средба со домаќинот на ЕПП и Претседателот на Националната партија на Малта Симон Бусутил, а претсходно денеска Груевски оствари разговор со претседателот на Демократската партија на Словенија и поранешен премиер на Република Словенија.

17554121_10155114553327716_8852911342260953499_n

Инаку Груевски вчера имаше средба со Тобијас Зек, кој е член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија. Како што информираат од партијата тој него го запознал со политичката состојба во која се наоѓа нашата земја.

Средба со домаќинот на @EPP и Претседател на Националната партија на Малта @SimonBusuttil#EPPMalta pic.twitter.com/Qt3jmgNBdy

— Nikola Gruevski (@GruevskiNikola) March 29, 2017

На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија.

Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top