Американски научници од Државниот универзитет во Орегон дојдоа до сознанија дека повеќето мачки го претпочитаат општењето со луѓето, пред се останато, па дури и пред храната, пишува списанието „Бихејвиорал Просесес“.
Експертите го следеле однесувањето на мачките во четири етапи: контакт со луѓе, храна, играчки и реакција на мирис.
Во експериментот се земени и домашни и улични мачки, при што секоја била лишена од четирите фактори, едно по друго. Потоа следел изборот меѓу играчка, храна, следење пријатна арома и човек.
Повеќе од половина од изгладнетите „заморчиња“, отишле прво кај човекот, па кај чинијата со храна. Резултатите биле слични и кај домашните, но и кај уличните мачки, кои претходни речиси и не биле во контакт со луѓе.
По се, изгледа митот дека мачките се себични и се умилкуваат кај луѓето само заради корист, е разбиен, се вели во написот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.