Австрискиот канцелар Кристијан Керн денеска изјави дека Брегзит би требало да се спроведе брзо и без проблеми.
– Брегзит е голем предизвик за целата Европска унија. За жалење е што Велика Британија донесе таква одлука, но сега мора да ја спроведеме брзо и без пробелми. За тоа според членот 50 од Договорот на ЕУ, имаме време од две години, објасни Керн во соопштение.
Тој нагласи дека мора да се разјасни ситуацијата со државјаните на Австрија во Велика Британија, но и фирмите кои таму работат. Уверен е дека ќе следи жестока борба околу долгвоите на Велика Британија кон ЕУ, кои се проценуваат на 60 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.