Лидерот ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска разговораше со претседателот на Демократската партија на Словенија и поранешен премиер на Република Словенија, Јанез Јанша.
Разговор со @JJansaSDS пред почетокот на конгресот во Малта#EPPMalta pic.twitter.com/9YdEqI0TYH
— Nikola Gruevski (@GruevskiNikola) March 29, 2017
Груевски како предводник на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со премиерот Емил Димитриев учествуваат на Конгресот на Европската народна партија и на Самитот на европските десничарски партии, што се одржува во Малта.
Spontan a pomemben sestanek ob robu kongresa @EPP. Predsednik @JJansaSDS z @GruevskiNikola. #EPPMalta pic.twitter.com/WWDfB7Qrvt
— SDS (@strankaSDS) March 29, 2017
Груевски вчера имаше средба со Тобијас Зек, кој е член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија. Како што информираат од партијата, Груевски го запознал Зек со политичката состојба во која се наоѓа нашата земја.
На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија.
Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Месечно заработувам по 6 српски плати: Нишлијка оставила се и заминала на Малта!
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница