| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев: Колку и да кријат од СДСМ, ДУИ неколку пати потврди дека Заев ја прифатил Тиранската платформа во целост

Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ денес на продолжението на Контитутивната седница на Собранието на Република Македонија нагласи дека Зоран Заев сакајќи да ја избегне правдата и да ги скрие своите криминали морал да прифати се од Тиранската платформа.

-Знаејќи дека треба да одговара за своите криминали на кои беше сведок целата македонска јавност, Заев се одлучи да тргува со државните и националните интереси само за да се спаси од затвор, рече Пишев.

Пишев им посочи на пратениците од СДСМ дека колку и да се обидуваат да кријат што се прифатиле, нивните колеги од албанските партии во неколку наврати кажаа дека Заев во целост ја прифатил Тиранската платформа која што ќе значи комплетно редефинирање на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top