На повидок е нова голема причина за разгорување на страстите помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Легендата на „кралевите“ Раул Гонзалез Бланко според медиумите во Шпанија и САД се наоѓа пред потпишување договор за работа во Барселона. Човекот, кој мина 17 години во белиот дрес и собори многу рекорди, не негираше можност за премин кај најлутиот ривал макар и како заштитно лице или советник.
„Сакам да одам чекор по чекор. Прво сакам да се вратам во Мадрид, а потоа ќе донесам одлука. Не можам да речам дека нема да работам за Барселона. Фудбалот е таков. Не може никој да ми рече дека не сум мадридиста и дека не дадов многу жртви во тие 17 години минати во Реал Мадрид. Мојата совест е чиста“, заклучи тројниот освојувач на Лигата на шампионите.
Раул работи како амбасадор на Примера дивизија во САД, но најави дека со семејството наскоро ќе се врати во родниот Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.