| четврток, 6 декември 2018 |

Нема врска со шпекулациите за развод – Меланија и Доналд се среќни во бракот!

dona

Веќе долго време се шпекулира дека Меланија Трамп е многу несреќна во бракот со Доналд, а секој ден се појавуваат нови детали за нивната врска.

Но, нејзината блиска пријателка Карен ЛеФрак тврди дека ваквите шпекулации се измислици и лаги.

-Тие двајца се многу среќни и врската им е одлична. Сите тие гласини се смешни и измислени. Таа ужива во својот нов живот и новата улога која ја има во општеството, се радува што ќе може да им помага на други жени и дечиња, и со нетрпение чека да почне – изјавила ЛеФрак за Вашингтон Пост.

dona2

ЛеФрак изјавила и дека Меланија во моментов е зафатена со преуредување на Белата Куќа каде што наскоро ќе се пресели со својот син, Барон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top