– Ние сме должни да укажеме дека не треба да се создава јавно мислење дека абортусот е нешто дозволено – вели митрополитот.
Митрополитот Петар денеска на прес-конференција во Битола уште еднаш ќе го изнесе ставот на црквата во однос на прашањето на бременоста. Тој за „Канал 5“ предмалку потврди дека го поддржува Предлог-законот за прекинување на бременоста.
Митрополитот Петар нагласува дека учењето на црквата не го одобрува абортусот. Знаеме дека станува збор за свесно, намерно или со умисла убиство на децата во утробата на мајката. Црквата не може да го премолчи тоа и сака да го каже својот глас – вели владиката Петар потенцирајќи дека ваквата порака ја упатува пред сѐ до христијаните, а не до тие што не веруваат во господ.
– Ние сме должни да укажеме дека не треба да се создава јавно мислење дека абортусот е нешто дозволено. Некои невладини организации, кои се декларираат дека се православни, создавајќи мислење дека абортусот е нешто дозволено, всушност, прават штета на човештвото и на нацијата – објаснува Владиката Петар.
Како позитивна страна на предложениот закон тој ја истакнува можноста на советување нагласувајќи дека така може да се спречат два грева. Ризикот од абортусот е и самоубиство, зашто жените преку абортус ризикуваат да останат неплодни или го ризикуваат својот сопствен живот, што е двоен грев, вели митрополитот Петар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



