| четврток, 6 декември 2018 |

В сабота пристигнуваат: По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во Скопје

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

По милион километри пропатувани низ светот, в сабота ќе пристигнат во Скопје, а во чест на нивниот подвиг, тие ќе бидат дочекани на градскиот плоштад околу 14 часот. Around Gaia го завршува своето патување, го пропатуваа светот и сега се враќаат во Македонија, а во сабота ќе имате прилика да се видите со Ивана и Ману.

Настанот ќе биде во организација на мото клубот Вепар од Скопје, во соработка со радио „Бубамара“. На пречекот ќе присуствуваат и добитници на овогодинешната награда „Златна Бубамара”, а ќе има и музичка забава во организација на „Бубамара“.

 

извор: мотори.ком.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top