| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Дуо Скупи“ во Софија

 „Македонски звуци“ е наслов на концертот на ДУО СКУПИ, кој ќе се одржи на 29 март (среда) во 18:30 во КИЦ на Р. Македонија во Софија.
ДУО СКУПИ во состав: Јета Старова-Мехмети, флејта, и Ермаљ Мехмети, виолина, на овој концерт ќе ја изведат програмата  од нивниот втор компакт диск под наслов „Мак саундс“, која претставува преработки на македонски стари песни и ора. Публиката ќе има можност да ги слушне познатите: „Со маки сум се родила“, „Не си го продавај, Кољо, чифликот“, „Се посврши сербез Донка“, „Јано мори“, „Пајдушко оро“, „Калајџиско оро“.
ДУО СКУПИ постои од 2006 година и од тогаш со голем успех настапува на значајни настани во Македонија, но и во Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Бугарија, САД, Германија, Австрија, Унгарија, Романија. ДУО СКУПИ својот прв компакт диск го промовираше во текот на 2012 година во Перник, Ќустендил и Софија. Дуото е добитник на признанието „Distinguished musicians“ на Меѓународен натпревар во Рагуса, Италија, како и на Статуетка за хумани и музички активности „Мајка Тереза“ во Македонија.
Дуо Скупи пред публиката во Софија ќе ги претстави директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top