| четврток, 6 декември 2018 |

Лилиќ во филм со Сајмон Мерелс, актерот од Спартак

2035 го­ди­на, по гло­бал­на­та еко­ном­ска кри­за. Тем­на ќе­ли­ја. Курт се оби­ду­ва да го до­фа­ти бед­ни­от оброк оста­вен од дру­га­та стра­на на без­бед­нос­ни­те ре­ше­тки. Се ма­чи да дој­де до гол­тка во­да што ќе му ја згас­не жед­та… ба­рем на су­ви­те ис­пу­ка­ни ус­ни… Очи­те му се кр­ва­ви. Ќе­ли­ја­та е тем­на, влаж­на… Се по­ја­ву­ва Хол­гарт. Об­ле­чен во мас­ли­не­ста бо­ја, ци­нич­но му се смее на Курт. Ли­чат еден на друг. Има две раз­ли­ки. Хол­гарт е сло­бо­ден чо­век.  Но, Курт че­ка по­томс­тво. Не­што што Хол­гарт го не­ма. Про­ра­бо­ту­ва ре­вол­тот, љу­бо­мо­ра­та, ко­ја се пре­то­чу­ва во не­чо­веч­но од­не­су­ва­ње…

Хол­гарт се ви­ка Де­јан Ли­лиќ. Ма­ке­дон­ски­от актер, кој иа­ко зад сво­е­то име не­ма за­пи­ша­но мно­гу го­ле­ми уло­ги во ма­ке­дон­ски­те фил­мо­ви, има ус­пеш­на при­каз­на во стран­ски­те фил­мо­ви. По ру­ско­то „Пре­дав­ство“ со кое ја прет­ста­ви Ма­ке­до­ни­ја на Филм­ски­от фе­сти­вал во Ве­не­ци­ја, се­га глу­ми во ита­ли­јан­ски филм зад кој стои ита­ли­јан­ски­от ре­жи­сер Ло­рен­цо Спор­ти­ло.

Во фил­мот нас­ло­вен ка­ко „Ин­декс ну­ла“ (Index zero), зад кој стои Lionsgate, се по­ја­ву­ва и Ме­то Јо­ва­нов­ски. Тој ќе се оби­де да им го по­ка­же тај­ни­от из­лез на Курт и на Ив. Сѐ се слу­чу­ва во вре­ме ко­га не­ма рас­и, не­ма гра­ни­ци, не­ма по­де­ле­ност. Бор­ба за пре­жи­ву­ва­ње.

sajmon

„Ре­пуб­ли­ка“ има­ше мож­ност еден ден да при­сус­тву­ва на сни­ма­ње­то на но­ви­от филм на кој ра­бо­ти про­дук­ци­ја­та КЦБ, про­дук­ци­ја на Ма­ке­до­не­цот Вла­ди­мир Кр­стев­ски, кој во сво­ја­та би­о­гра­фи­ја има ни­за ус­пеш­ни фил­мо­ви за го­ле­ми­те стран­ски про­дук­ции.

Ло­рен­цо Спор­ти­ло, акте­рот од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја Сај­мон Ме­релс, кој ма­ке­дон­ска­та јав­ност го знае од уло­га­та на Марк Крас, во Спартак, ро­ман­ска­та актер­ка Ана Улу­а­ро и Де­јан Ли­лиќ. Отво­ре­ни за раз­го­вор, рас­по­ло­же­ни за му­а­бет, до­сет­ли­ви, ше­ги во кои се на­до­пол­ну­ва­ат ка­ко да се зна­ат со го­ди­ни, а не са­мо не­кол­ку де­на.

– Еј Де­јан, до­пи­шав не­што за тво­јот лик. Ќе ти се до­пад­не, ќе ви­диш, ќе би­де из­не­на­ду­ва­ње – му ре­че Спор­ти­ло на Ли­лиќ за вре­ме на по­ја­до­кот.

Тој не ја кри­е­ше оду­ше­ве­но­ста од тоа што го по­ка­жал Ли­лиќ во пр­ви­те не­кол­ку де­на од сни­ма­ње­то. Ве­ли, Ли­лиќ е инс­пи­ра­ти­вен лик, кој се­ко­гаш те те­ра да до­да­деш нов текст и да го зго­ле­миш бро­јот на сце­ни во кои се по­ја­ву­ва. Ли­лиќ, по пре­по­ра­ка од Вла­ди­мир Кр­стев­ски, се по­ја­вил на из­бо­рот на акте­ри. Но, ка­ко што ве­ли са­ми­от Ло­рен­цо, не му тре­ба­ло мно­гу за да знае де­ка тој е ви­стин­ски­от. Екс­прес­но му ја до­де­ли уло­га­та на Хол­гарт.

Сај­мон е на по­се­бен ре­жим на ис­хра­на. За вре­ме на по­ја­до­кот, на кој ја­де­ше са­мо лу­бе­ни­ца, рас­ка­жу­ваа за ше­ги­те што ги пра­ве­ле из­ми­на­ти­те де­но­ви. На удар бе­ше Ана по­ра­ди неј­зи­ни­от страв од пе­пе­ру­ги. Таа бе­ше воз­не­ми­ре­на би­деј­ќи прет­ход­на­та ве­чер, за вре­ме на сни­ма­ње­то на ед­на од сце­ни­те не­ма­ла хра­брост да ги до­пре ле­бар­ки­те. Иа­ко Ло­рен­цо има­ше це­лос­но раз­би­ра­ње за неј­зи­ни­от страв, таа бе­ше раз­о­ча­ра­на са­ма од се­бе… По појадокот Сајмон замина во теретана.

dejan i sportilo

Сни­ма­ње­то се од­ви­ва­ше во камп за иле­гал­ци во око­ли­на­та на Со­фи­ја. Спо­ред при­каз­на­та на Ло­рен­цо, Курт и Ив се ро­де­ни над­вор од гра­ни­ци­те на Со­е­ди­не­ти­те Европ­ски Др­жа­ви, што се сме­та за не­при­фат­ли­во за ци­нич­ни­от свет по гло­бал­на­та еко­ном­ска кри­за. Ив е бре­ме­на и со цел да обез­бе­дат по­до­бра ид­ни­на за сво­е­то де­те, се оби­ду­ва­ат да вле­зат во Евро­па на не­ле­га­лен на­чин. Оби­дот е не­ус­пе­шен. Тие се фа­те­ни и раз­де­ле­ни. Курт, за­тво­рен во при­вре­мен каз­нен цен­тар ка­ко по­тен­ци­јал­но при­фат­лив. Ив ка­ко не­при­фат­ли­ва е сме­сте­на во Цен­тар за про­те­ру­ва­ње од европ­ски­те гра­ни­ци ка­де што бре­ме­но­ста е при­фат­ли­ва са­мо во ве­штач­ка ма­тка… Курт пра­ви план ка­ко да ја спа­си Ив. Тие ќе из­бе­га­ат и ќе се со­кри­јат ед­на ноќ. Но, таа до­би­ва бол­ки, Курт ја но­си в бол­ни­ца. Но, не­ма до­ктор кој знае ка­ко да се по­ро­ди же­на­та во не­ле­га­лен „тра­ди­ци­о­на­лен на­чин“. Прем­но­гу е доц­на. Ив уми­ра, бе­бе­то пре­жи­ву­ва. Курт е бе­сен. Поч­ну­ва ре­во­лу­ци­ја за да ги ос­ло­бо­ди си­те лу­ѓе…

-Ме­не ми е дра­го што по­втор­но до­бив шан­са во стран­ски филм, со стран­ска про­дук­ци­ја. Не сме са­мо ние што тво­ри­ме ту­ка. Над­вор од Ма­ке­до­ни­ја има Ма­ке­дон­ци што соз­да­ва­ат, ра­бо­тат и со хо­ли­вуд­ски про­дук­ции. Чест ми е и за­до­волс­тво за­тоа што се­кое мое из­ле­гу­ва­ње го ко­ри­стам за про­мо­ви­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја.  На­ско­ро це­ла­та еки­па ќе дој­де во те­а­та­рот, са­ка­ат да го ви­дат Скоп­је во но­во­то из­да­ние – ве­ли Ли­лиќ.

Интервјуата со режисерот, со актерот Сајмон Ме­релс и актерката Ана Улу­а­ро можете да ги прочитате во најновот број на неделникот Република.

Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Ана Кал­че­ва (Бу­га­ри­ја)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top