Млад жител на село Лопате ја пресретнал поранешната девојка со автомобил и почнал да ја тепа. Таа го стартирала својот автомобил, но во паника набрзо удрила во дрво покрај патот. Тоа не го спречило насилникот да ја стигне и да продолжи да ја тепа.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т(27) од село Лопате – Кумановско, за кривично дело насилство.
Пријавениот на 17 мај, околу 12.00 часот на крстосница помеѓу улиците Трета македонска ударна бригада и ЈНА во Куманово, со возило ѝ го попречил движењето на својата поранешна девојка К.Т(22) од село Оризаре, која, исто така, управувала возило, по што излегол и преку отворениот прозорец физички ја нападнал, а при обид да избега удрила со возилото во дрво. Пријавениот, повторно физички ја нападнал нанесувајќи ѝ повреди во пределот на главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стигна дрвото „Гинко“ што ќе стои на местото на Ќосето: Делегација од Нинберг ќе го засади на 5 мај
-
На местото на споменикот на Ќосето ќе никне дрво „за човекови права“ од видот „Гинко“
-
Изберете дрво и дознајте што ќе доживеете во 2018-та година
-
Паднал од дрво додека берел јаболка: 87-годишен маж почина на КАРИЛ



