| четврток, 6 декември 2018 |

„Тврдокорни” се инсталација на таканаречената опозициска десница која одработува за Заев и СДСМ

tvrdokorni-108870Новоформираното патриотско здружение кое пред повеќе од еден месец излезе на наводен марш за Македонија, „Тврдокорни“, не е граѓанска организација која нaвистина се грижи за македонските национални интереси, туку група исполитизирани лица блиски до таканаречената опозициска десница на македонската политичка сцена предводена од Коалицијата за промени и правда на Павле Трајанов, Јове Кекеновски и Стојанче Ангелов и Слободан Богоевски, кои, како што е добро познато, соработуваат со Заев и СДСМ/Сорос.

Поранешните удбашки иследници со удбашки методи се обидуваат реализираат удбашки завршници иако не се работи за никаква идеологија, туку за договор за прераспределба или задржување директорски места. Договорот меѓу Заев и лидерите на т.н. опозициска десница е Павле Трајанов да ги зачува постоечките директрски места, а Јове Кекеновски и Стојанче Ангелов да добијат дел од колачот на власта на чело со СДСМ. Неслучајно токму гласовите дадени за овие партии на минатите избори, претседателот на СДСМ Зоран Заев ги вбројува во оние над 600 илјади гласови кои својот глас го дале за промени.

Здружението „Тврдокорни“ кое постои за да ги изманипулира граѓаните, но пред се за да ја одвлече енергијата на нардотот со цел да го подели одржа еден таканаренечн марш на 23 февруари, на кој побара детали од договорот на СДСМ и ДУИ постигнат во Мала Речица. Експресно Заев и раководството на партијата остварија средба со таканаречените патриоти, кои потоа се повлекоа од улиците.

Исполитизираноста на „Тврдокорините”, кои очигледно се само параван зад кој се кријат политички амбиции на одредени помали партии од десницата кои отворено одработуваат за СДСМ, излезе на виделина по нивната средба со раководството на СДСМ, односно со Зоран Заев, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски.

Во соопштението по средбата која се одржа на 9 март со раководството на СДСМ, „Тврдокорните“ со речинот на Кекеновски, зборувајќи за „врхушката на ДПМНЕ“ порачуваат дека доколку Албанците и евентуалните идни коалициони партнери навистина сакале “искрено да расчистат со Никола Груевски и неговата врхушка”, тогаш партиите на Албанците и самите пратеници Албанци во СДСМ, ќе ја повлечеле платформата.

Дополнително, дека „Тврдокорни” се инсталација на СДСМ преку таканаречената десница, потврдува и фактот што речиси сите сдсмовски медиуми без исклучок, ги пренесоа активностите на здружението при нивниот марш, но се штедливи со простор и за протестите на  граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, која масовно протестира веќе 30 дена.

За заедничка Македонија: Ние не сме Тврдокорни, ние сме црвено-жолтата линија на народот

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top