За крај, мало појаснување: групацијата „Тврдокорни“ која за утре (среда, 28.03) најавува собир пред споменикот на Бранителите во Жена-парк во 17 часот, 40-тина минути пред тука да дојдеме ние, како што тоа го правиме веќе 30 дена, не е дел од иницијативата „За заедничка Македонија“.
„За заедничка Македонија“ и „Тврдокорни“ се две посебни групации, со посебни специфики и посебни методи.
„За заедничка Македонија“ е црвено-жолтата линија на народот.
Сакаме да веруваме дека со „Тврдокорни“ имаме повеќе сличности, отколку разлики и ги охрабруваме на мирен, демократски и достоинствен начин да ги артикулираат своите ставови околу нивните цели, околу суверенитетот на Македонија и предизвиците пред кои сме исправени.
Мешање на наративите и потенцијални обиди нашиот протест да биде поистоветен со нивниот нема да овозможиме, бидејќи се работи за две засебни организации кои по игра на случајност утре ќе се најдат на исто место – ние по 31-ви пат, тие по првпат.
Браќа и сестри од „Тврдокорни“, вие имате загарантирано право на изразување на вашите ставови, на протест и на сопствено мислење. Сакаме да ви укажеме на значајноста да не дозволите да бидете изманипулирани и злоупотребени, и вашата идеја за која веруваме дека е искрена да биде претворена во средство за разнебитување на народната сила и единство или, пак, како средство за исраќање на лош имиџ за Македонија во светот или, пак, за дефокусирање на вниманието од релната опсаност којашто ја тишти нашата татковина.
„За заедничка Македонија“ остварува победи во континуитет, победи на народот и оваа битка, која а автентична и има добра мисла, не треба да биде извалкана, туку треба да продолжи да инспирира со својата ведрина, искреност и реална сила.
Секој што го дели нашиот повик за достоинствен протест без пораки на шовинизам, националистички скандирања и цивилизирано однесување ќе е добредојден на нашите протестни маршеви. Секој што планира да се однесува поинаку сметаме дека не ги дели нашите идеи и визија и таквото поведение го осудуваме, пишуваат од иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА на профилот на „Фејсбук“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„Тврдокорни“ денеска на протест против продавањето на националните интереси на новата влада
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)