| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл ве води директно во вулкански канал

Набљудувањето на активен вулкан за многумина е мошне возбудлива активност. Група туристи и научници ги ризикуваат животите пред неколку дена за да ја наљудуваат ерупцијата на Етна. Вулканските карпи и жешката пареа повредија најмалку десет луѓе по експлозијата во каналот на сицилијанскиот вулкан. Меѓутоа тимот на Гугл Стрит Вју осмисли начин луѓето виртуелно да присуствуваат на таквите настани. Кај нив на репертоар е ерупцијата на Амбрина на островот Вануату, која можете да ја набљудувате под агол од 360 степени.

https://www.google.com/streetview/#ambrym-volcano-vanuatu/lava-lake-marum-crater-ambrym-volcano

Експедициите на Гугл Стрит Вју често пати снимаат вулкани. Минатото лето го посети вулканот Масаја во Никарагва, а во таа прилика постави и сензори, кои ќе им помогнат на научниците да предвидат кога ќе се случи следната ерупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top