| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами победи, „кралот“ Џејмс одигра шампионски

Кошаркарите на Мајами ја победија Индијана со 90-79 и поведоа со 3-2 во финалната серија на Источната конференција во НБА лигата.

 

Мечот на Флорида беше одлучен во третиот период, а темпо диктираше Леброн Џејмс. Четвртината му припадна на Мајами со 30-13. а „кралот“ Џејмс даде 16 од своите 30 поени. Првата ѕзвезда на шампионот даде вкупно 30 поени, имаше и осум скока и шест асистенции.

 

„Поради тоа и дојдов тука, да се борам за титулата секоја година. На чекор сме од нова шанса за тоа. Тоа не беше ветено, донесов тешка одлука кога доаѓав, сите ја знаеме таа приказна. Сега како тим имаме шанса трета година по ред играме во финалето“ – рече Џејмс.

 

Индијана водеше со 46-40 на почетокот од второто полувреме, за да во следните 11 минути Хит направи серија од 30-10,што го одлучи мечот.

 

Удонис Хаслем постигна 16 поени кај победниците, а Двејн Вејд уфрли само десет поени со шест скока.

 

Најдобар во редовите на Индијана беше Пол Џорџ со 27 поени, 11 скока и пет асистенции, додека 22 поени и шест скока имаше Рој Хиберт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top