Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова, во Собранието на Република Македонија порача дека претседателот на Собранието на Република Македонија мора да биде од редовите на победничката партија и тоа би значело почитување на волјата на граѓаните.
Александрова, исто така, посочи дека новиот претседател на Собранието мора да ја гарантира унитарноста на државата, а не да поддржува платформи креирани во други држави.
-Улогата на пратениците и на политичките партии е да ги реализираат програмите со кои се претставиле пред граѓаните на изборите, а не да креираат постизборни платформи – рече Александрова.
Имено, Александрова, која доаѓа од Берово, порача дека граѓаните на Берово не сакаат и не гледаат никаква потреба за двојазичност во својот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.