Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја презеде одговорноста за страшната повреда на репрезентативецот на Ирска, Симус Колман и одлучи до неговото заздравување таа да му ја исплаќа неделната плата. Десниот бек на Евертон се здоби со скршеница на ногата на квалификацискиот меч за СП во Русија против островскиот ривал Велс.
Ова е прв случај ФИФА да донесе ваква одлука, бидејќи досега издвојуваше средства само за обештетување кон клубот каде што настапува повредениот репрезентативец, но се најавува дека нема да последен и дека и во иднина ќе се носат вакви одлуки.
Во овој случај ФИФА неделно на сметката на Колман ќе треба да испраќа по 50.000 евра неделно, а Евертон најверојатно дури шест месеци ќе остане без услугите на одличниот дефанзивец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.