Тоа што изминативе денови се најавуваше конечно е реализирано – Душко Вујошевиќ е новиот селектор на Босна и Херцеговина.
Тој е поставен за нов предводник со едногласна одлука на управниот одбор на кошаркарската федерација на БиХ. Првата задача за трофејниот стратег ќе биде предквалификацискиот турнир за пласман на мундијалот кој е на програмата од втори до 19 август. Босанците се во група со Шведска, Словачка и Ерменија.
Ова за актуелниот тренер на француски Лимож ќе биде нов предизвик како селектор, откако претходно ги водеше и репрезентациите на Србија и Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.