Граѓани на Струмица попладнево повторно се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев” за да го изразат своето незадоволство од тиранската платформа и, како што велат, обидите за федерализација на Македонија и поткопување на нејзината државотворност.
Побараа од политичарите одговорно однесување кое ќе ги заштити државните интереси, идентитетот, знаменто, химната и јазикот.
Организирани под иницијативата и мотото „Четврти Илинден” учесниците прошетаа на мирен марш низ централното градско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.