Најновото истражување на универзитетот во Бостон покажа дека стереотипот според кој русокосите се глупави, е потполна бесмислица.
Всушност тие се и попаметни од жените со друга боја на коса.
Според професорот Џеј Загорски, шегите за русокосите не се толку смешни, и можат да имаат сериозно економски последици, кој ќе влијаат на нивното вработување и унапредување. Според професорот, оваа предрасуда, може сериозно да влијае по кариерата на дамите со руса коса.
Тој исто така открива дека природните блондинки, во просек имаат поголем коефициент на интелегенција од темнокосите жени.
Просечниот коефициент на интелегенција кај русокосите изнесува 103,2, кај бринетите 102,7, кај црвенокосите 101,2.
Ова можеби и не е доказ дека се блондинките најпаметни, но сигурно е доказ дека не се најглупави.
извор: hybread.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.