Страницата “WhatsYourPrice”направила истражување меѓу своите корисници од посилниот пол на тема кои квалитети ги привлекуваат кај жените.
Во истражувањето учествувале 175.000 мажи а резултатите покажале дека најмногу ги привлекуваат бринети со кафеави очи и атлетска градба на телото.
Од останатите квалитети кои не се поврзани со физичкиот изглед, тие најмногу ги ценат жените кои не пушат цигари, имаат факултетска диплома, и во нивните очи високо котираат и жените кои немаат деца.
Истата страница неодамна истражувала на тема каква боја на коса жените преферираат кај мажите. Резултатите повторно покажале дека тие најмногу се привлечени од оние со кафеава коса, додека веднаш зад нив се момците со црна коса. На последното место од оваа листа се наоѓаат мажите со руса коса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.