| четврток, 6 декември 2018 |

Белградска „Политика“ со анализа: Ѓорѓе Иванов- Претседател со кичма

Белградскиот тиражен весник, „Политика“ во текстот под наслов „Претседател со кичма“ пишува за политичката клима во земјава и улогата на Претседателот Иванов кој не потклекна под притисок на мегународниот фактор и остана со исправена кичма кога се во прашања највисоките државни и национални интереси.

Политика пишува дека Иванов од Заев бара да се откаже од „Тиранската платформа“ која албанските партии ДУИ и БЕСА му ја донеле како коалиционен мираз. Тие дополнително пишуваат дека Иванов смета дека албанските барања директно го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

politiks

-Не вредеше ниту доаѓањето на Федерика Могерини во Македонија, ниту јавниот притисок на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и на американскиот амбасадор Џес Бејли. Наместо да попушти, Иванов побарал од маѓународната заедница да ја осуди платформата донесена под диригентската палка на албанскиот премиер Еди Рама и во екот на политичката криза отиде во двонеделен пат за Азербејџан и Австралија, пишува Политика.

Весникот дополнително наведува дека Aлбанците со платформата меѓу другото бараат и Aлбанците да бидат конститутивен народ покрај македонскиот, во Уставот да се вметне албанскиот јазик како официјален јазик, промена на државните симболи, но и донесување на резолуција со која ќе се осуди геноцид над албанскиот народ во Македонија од 1912 – 1956 година. Што ги изнесе Мaкедонските граѓани на улица.

– За одбивањето да се сретне на 21 март со Јоханес Хан, кој заедно со тројца европратеници дојде во Скопје да подгурне формирање на Влада на чие чело би бил Заев , Иванов од медиумите го заработи епитетот – неуценет Претседател. Истиот ден на протестите во Скопје се собраа повеќе од 100.000 граѓани, грмеше: „ Ѓорѓе Иванов не е човек со свиткана кичма!“

Весникот пишува дека Иванов кога по втор пат беше избран за Претседател на Република Македонија му упати писмо на Барак Обама дека целта на Македонија е влез во ЕУ и НАТО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top