Најголемиот и најпознат руски производител на оружје, концернот „Калашников“, продолжи со развивање пешадиско оружје за потребите на полицијата и на армијата на Русија.
Последниот модел што треба да излезе од оваа фабрика е „сајга ИЗ 132 СМ“, која е супермодерна пушка со многубројни додатоци за полесно користење.
Материјалот од кој е изработена е полимер за да се добие полесно оружје за маневрирање и при урбани акции, нешто слично на пиштол, но со рафално и автоматско истрелување на куршумите.
Традицијата што ја има оваа фабрика ја продолжува и во новиот модел „сајга ИЗ 132 СМ“ со тоа што користи калибар од 7,62 милиметри, а во рамката може да се сметат 39 куршуми.
Специјалните полициски и армиски сили на многу држави ќе бидат задоволни бидејќи Калашников мислел на сите детали и потребни елементи. Монтирана е и батерија што има сноп светлина и до 300 метри, оптички зум што се користи и во ноќни услови, склоплив кундак, кој овозможува блиска борба, како и три различни вида сопирачки на петлето за да се спречи несакано и непотребно истрелување.
Во долгогодишната историја на „Калашников“ сите произведени модели имаат широка примена во многу држави, но со актуелната воено-политичка ситуација во Украина ова оружје нема да се продава во САД, па и во другите сојузници во НАТО поради ембаргото за увоз на производи од Русија.
Ова супермодерно оружје ќе ја види светлината на денот во октомври 2014 година.
(Текст објавен во 109. број на неделникот Република, 3.10.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.