| четврток, 6 декември 2018 |

Му пукна филмот, Родригез им покажа среден прст на новинарите

Иако беше автор на победоносниот гол против Боливија во петокот, Џејмс Родригез не е омилен како некогаш во колумбиската јавност. Фудбалерот на Реал Мадрид е предмет на жестоки критики откако им покажа среден прст на новинарите и фотографите пред тренинг кампот во Богота.

Фотографијата ја објави фотографот Луис Акоста, а како причина се наведува лошиот однос помеѓу новинарите и фудбалерот во последните една година. Родригез е постојано критикуван заради променливата форма во последните неколку месеци, а ако главно беше критикуван за настапите во Реал Мадрид, сега не задоволува и кога го носи колумбискиот дрес.

Колумбија утревечер му гостува на Еквадор во меч од 14. коло од јужноамериканските квалификациите за Светското првенство во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top