Сурово убиство деновиве ја потресе хрватската јавност. Деветнаесетгодишниот Тин Шунјерг ги убил своите родители, по што заминал на роденденска забава. Како што пишуваат хрватските медиуми, по убиството момчето цела вечер пиело по локалните кафулиња и се возело со својот „мерцедес“.
По апсењето, Тин не покажал каење за убиството на родителите, туку, наводно, рекол дека го заслужиле тоа.
Неговиот татко, инаку припадник на специјалните полициски сили на Хрватска, бил пронајден мртов во семејната куќа во населбата Чиста Велика во Водице, хрватски град северно од Шибеник. Тој бил застрелан.
Мајката, исто така со прострелна рана, била пронајдена мртва во еден од семејните автомобили.
Инцидентот се случил синоќа, а утрово полицијата со спектакуларно апсење во центарот на градот го приведе деветнаесетгодишното момче. На разговор се повикани и двајца негови преијатели, кои, наводно, занеле за убиството, а не пријавиле.
Соседите велат дека Шунјерг биле мирно семејство, а Тин воспитано и мило момче, кое матурирало пред неколку месеци.
Сепак, фотографиите на неговиот профил на „Фејсбук“ прикажуваат поинаква слика. Тој постојано се сликал со маска, палка за бејзбол, со среден прст, пред бесни автомобили.
Наводно, неговите родители сакале да го испратат во комуна, каде што би се лекувал од зависност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија