Град Скопје соопшти дека на 1 јуни годинава ќе стартува сезонскиот вонреден привремен режим на сообраќај, односно забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на главниот град.
Забраната ќе важи во временскиот период од 10 до 20 часот и ќе трае до 1 септември 2013 година.
Ваквиот режим се воведува поради заштита за коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.
Овој режим на сообраќај не се однесува на тешките товарни возила што превезуваат лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.