До Белата куќа било испратено писмо што содржело рицин. Тоа наликувало на двете писма со остатоци од рицин, испратени до градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, во кои се изразувало незадоволство од заострувањето на контролата на огненото оружје.
Писмото, адресирано до претседателот Барак Обама, било испратено од Спокејн, државата Вашингтон. Во врска со писмото, во Спокејн бил уапсен маж.
Американската тајна служба вчера соопшти дека писмото до Обама било откриено на 22 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.