Шесенаесетгодишно момче од гостиварското село Неготино, полошко, претрпело силен струен удар и паднало во бессознание по обидот да ја затвори вратата од 110 киловолтната трафостаница на излезот од селото на споредниот пат кон Дебреше, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, шеснаесетгодишникот заедно со две други лица биле на местото кај трафостаницата кога забележале дека металната врата од објектот е отворена, а од внатре се слушала силна бучава.
– Тој се обидел со двете раце да ја затвори вратата, но доживеал силен струен удар и паднал во бессознание по што бил пренесен во Гостиварската болница од каде бил препратен на скопските клиники. Полицијата работи на утврдување на сите околности, како и видот, карактерот и тежината на повредите, рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил