Дваесет и шестгодишниот тетовец И.К. кој беше прободен со нож во вратот и грбот на 20 март половина час по полноќ им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар во Скопје информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според досегашните информации, посочи Јосифоски, сега починатиот заедно со И.К.(30) пред пет денови биле нападнати од двајца браќа М.М.(34) и Р.М.(32) исто така од Тетово. Појасни дека инцидентот почнал во кафе бар на улицата „Браќа Миладиновци“ во Тетово каде тие се расправале и тепале, а потоа четворицата се сретнале на булеварот „Благоја Тоска“ каде продолжила физичката пресметка.
– При тоа М.М. употребил нож, што подоцна бил пронајден и одземен во полицискиот вид на настанот, и ги ранил двајцата пријатели. При тоа сега починатиот И.К. неколкупати бил прободен во вратот и грбот додека другиот задобил повреди на вратот и десната рака, рече Јосифовски.
Двајцата повредени, појасни, со возило биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош И.К.(26) бил пренесен на скопските клиники каде за жал починал,
– Двајцата напаѓачи веднаш по инцидентот биле приведени од полицијата, при што на М.М. од страна на судија во претходна постпка му беше одреден притвор како осомничен дека е сторител на убиство во обид за сега по новонастаната состојба најверојатно делото ќе се преквалификува во убиство додека неговиот две години помал брат Р.М. по извршените разговори во полиција беше пуштен како осомничен за учество во тепачка, иако и тука може да има преквалификација на делото, додаде Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.