| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Скопје: Истрели со автоматско оружје кон семејна куќа

Вчера околу 03.45 часот во Скопје, на ул. „Антон Попов“, од страна на непознат/и сторител,  од возило во движење,  со автоматско оружје било пукано кон куќата сопственост на А.И. (21).

Во моментот во куќата бил сопственикот, неговата мајка и неговата сестра. Од пукањето оштетена е фасадата на куќата, а повредени лица нема. Во дворот и на улицата пронајдени се повеќе од десет чаури.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top