Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Поради тоа во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово Велес.
На патниот правец Демир Капија – Удово завршени се градежните работи. Собраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правца.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
На 01.06.2013 година ќе стартува сезонскиот режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година. Овој режим на сообраќај не се однесува на тешките товарни возила што превезуваат лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.