Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Во текот на денот ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 15 до 22 степена.
Од понеделник се очекува позначителна промена на времето. Поради спуштање на постуден воздух температурите позначително ќе опаднат, а ќе има и врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови и повремено ќе бидат со умерен интензитет. Во понеделник дневната температура ќе се движи од седум до 13 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.