| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе нема вода од „Холидеј ин“ до Собрание

Дел од жителите лоцирани на улицата „Трета македонска бригада“, „Коста Новаковиќ“ и „Алкалоид билка“ утре од 8 часот ќе бидат без вода.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекинот е поради дислокација на водоводна мрежа на улицата Трета македонска бригада спроти „Раде Кончар“. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на работите.

В недела поради промена на затворач на улицата 11 Октомври бб спроти Собранието на Република Македонија, прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Филип Втори Македонски на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до Собранието.

Прекинот ќе биде од 8 часот се до завршување на работите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top