Научниците откриле дека белите дробови не служат само за дишење, а извештајот за нивната помалку позната улога е објавен во списанито „Природа“.
Стручните лица од Универзитетот во Калифорнија проучувале бели дробови на глувци и откриле дека тие произведуаат околу половина тромбоците, крвни клетки одговори за згрутчување на крвта.
Долго време се претпоставувало дека повеќето, ако не и сите тромбоците се произведуваат во коскената срж, а само еден дел се произведува во белите дробови.
– Ова откритите ни дава многу софистициран увид во овој орган. Белите дробови не служат само за дишење, туку учестуваат и во формирање на клучните компоненти на крвта – вели еден од авторите Марк Луни.
Ако е ова точно, научниците сметаат дека ќе пронајдат подобар начин за лечење на болестите на крв, но ќе се зголеми и успешноста на трансплантација на белите дробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.