| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ги очекува првите бодови во квалификациите, со ултраофанзивна тактика против Лихтенштајн

pandev i nestorovski

Македонската сениорска фудбалска репрезентација вечерва во Вадуц го игра квалификацискиот меч за светското првенство во Русија против домаќинот Лихтенштајн.

Токму нашата репрезентација заедно со Лихтенштајн немаат освоено ниту еден бод во досегашните четири натпревари, а избраниците на селекторот Ангеловски како и целата спортска јавност во нашата држава очекува сигурна победа и прокнижување на првите три бода.

По четири кола Македонија одигра одлични три меча против Албанија, Израел и Италија, но немаше среќа во завршницата да дојде до победа. Тактиката која ја спроведува кормиларот на А-селекцијата е крајно офанзивна и намерата е со гол повеќе во мрежата да противникот да се совладаат и далеку пореномирани репрезентации од Лихтенштајн.

Таквата тактика досега не вроди со плод, но се покажа како успешна која пружа допадлив фудбал со доста голови.

Таква е и замислата на стручниот штаб за вечерашниот дуел во Вадуц во кој „црвено-жолтите“ ќе настапат со два екстра напаѓачи, Пандев и Несторовски кои ќе бидат главната закана за домаќините и заедно со Иван Тричковски, кој игра во голема форма на Кипар, и Бесарт Ибраими од Шкендија, кои ќе напаѓаат по крилните позиции да се обидат уште рано да го отворат резултатот.

Во средниот ред ќе бидат Стефан Спировски и Бобан Николов, двоецот од Вардар, како и Кире Ристевски и Стефан Ристовски по страничните позиции. Централнио дефанзивен тандем ќе го сочинуваат Ванче Шиков и Дарко Велковски, а на голот се очекува да застане Столе Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top