| четврток, 6 декември 2018 |

Преку 50% од граѓаните сметаат дека Катица Јанева работи непрофесионално и по нарачка

Повеќе од 50 проценти од граѓаните сметаат дека Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева работи непрофесионално и по нарачка.

Ова го покажуваат резултатите од третиот дел од истражувањето од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).

24,5 проценти од испитаниците сметаат дека Јанева е под контола на СДСМ, а 25,5 отсто дека е под влијание на странци.

anketa-sjo-640x412

41,7 проценти од испитаниците на ИПИС сметаат дека не треба да му се продолжи мандатот на СЈО.

anketa-sjo1-640x369

За да не се продолжи мандатот на СЈО се изјасниле 52 отсто етнички Македонци. Додека пак, 80,7 проценти од етничките Албанци сметаат дека треба да се продолжи мандатот на ова специјално јавно обвинителство.

anketa-sjo2-640x346

anketa-sjo3-640x358

Истржувањето на ИПИС е спроведено со телефонска анкета во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Мерени се перцепциите на граѓаните за одредени прашања поврзани со политичката криза и работата на Специјалното јавно обвинителство, како и рејтингот на политичарите според етничката припадност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top