Тримесечниот раст на индустриското производство по ред е показател дека македонската економија закрепнува и дека работите се движат во добра насока, оцени премиерот Никола Груевски.
– Тоа е еден позитивен тренд, кој што укажува на закрепнување на македонската економија, што се надевам дека ќе продолжи, иако тоа е во голема зависност од случувањата во ЕУ и во еврозоната. Меѓутоа, иако таму се уште се соочуваат со крупни проблеми, сепак, мерките што се преземаат, активностите за привлекување нови инвеститори кои отвораат нови фабрики, даваат одредени резултати и веќе имаме едно побрзо закрепнување отколку во ЕУ. Тоа е добар сигнал. Тоа ме радува и укажува дека работите можат да тргнат во добра насока и тргнуваат во добра насока и тоа е показател дека е голема веројатноста оваа година да се исполнат очекувањата во однос на растот, изјави премиерот.
Груевски додаде дека буџетот добро се остварува, согласно планираните очекувања, што е показател дека работите почнуваат да се стабилизираат од последиците на европската должничка криза.
Според државната статистика индустриското производство во април бележи раст од 4 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски