| четврток, 6 декември 2018 |

Нечовечко изживување: Присилно го задоволила, по што ја терал да прави склекови

Дваесет и четиригодишниот Игор Ц. е осуден на четири години затвор за силување, откако минатиот мај, со шлаканици и закани ја натерал неговата пријателка орално да го задоволува.

– Не ја прифативме вашата одбрана дека чинот се случил доброволно и со согласност. Од друга страна, исказот на оштетената беше јасен, детален, живописен и логичен. За време на исказот, таа неколкупати заплака и беше очигледно дека настанот врз неа оставил психолошки и емоционални последици – му рече на обвинетиот судијата на Жупанскиот суд во Загреб.

Невработениот столар Иван Ц. на 23 мај 2016 година измамил девојка да оди со него до неговиот стан во Загорје, за да ги земе клучевите од автомобилот, ветувајќи и дека потоа ќе ја однесе до дома. Штом влегла во станот, тој и рекол: „Ќе ми го исп*шиш?“. Кога девојката одбила и сакала да си замине, ја грабнал, и удрил две шлаканици и и наредил да се соблече, вели хрватсткото обвинителство.

Плашејќи се за својот живот, таа го послушала насилникот, се соблекла по гаќички, и му кажала дека во тек е нејзиниот период. Насилникот ја натерал да му ја покаже хигиенската влошка, по што ја натерал орално да го задоволува, држејќи и ги рацете на нејзиниот грб. Потоа ја врзал со жица, повторно и удрил шлаканица и ја натерал на орален секс. Подоцна, ја натерал со него да прави клекнувања и склекови, додека глуждовите и биле врзани со жица. Цело време ја навредувал и ја исмејувал, колку немала кондиција.

После целоноќната тортура, ја пуштил, заканувајќи и се дека ако каже некому што се случило, ќе објави фотографии од неа, пишува хрватски „24сата“.

По пресудата, Иван повторно бил вратен во истражниот затвор, во кој се наоѓа поради сомнение дека на 12 февруари, додека во тек било судењето за претходниот (горенаведен) случај на силување, сексуално се изживувал врз друга жртва, кон која се однесувал уште посурово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top