| четврток, 6 декември 2018 |

Може да ѝ биде татко, ама го сака – ќерката на Сузана Манчиќ тајно се омажи

suza

Теодора Куниќ (23), ќерка на Сузана Манчиќ (60), се омажи во тајност во Лас Вегас за 20 години постар бизнисмен,

Ќерката на лото девојката и музичарот Небојша Куниќ ја шокираше јавноста кога пред две години обелодени дека е во врска со значително постар маж.

suza2

Сузана не ни претпоставуваше дека Теодора ќе организира венчавка далеку од Србија и за тоа нема да каже никому.

2suzana

-На Сузана ѝ беше навистина жал што не присуствуваше на венчавката на ќерка си и што не ни знаеше дека таа ќе се мажи. Сепак Теодора и објасни дека импулсивно одлучиле да се венчаат во Америка, а планираат голема свадба во Белград, изјави извор близок до водителката.

Инаку парот се сврши во 2015 на патување во Виена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top