Дваесет и двегодишниот Дејан П. од битолското село Kукуречани, починал додека играл кошарка. Додека играл со пријателите во селото му се слошило, стигнал дома, но откако повторно му се слошило, починал. Од полицијата информираат дека лекар од битолската Итна медицинска служба пријавил дека во болницата бил донесен починат. На неговото тело немало траги на насилство. Дејан почувствувал болка во градите, по што отишол дома и им се пожалил на родителите. По кратко повторно му се слошило по што починал. Родителите веднаш повикале Итна медицинска помош, но момчето веќе било мртво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.